Просечната плата во декември изнесувала 22.407 денари

Bez autora
Feb 26 2015

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2014, изнесува 22,407 денари, што е за 4,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави во четвртокот Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (16,9 отсто), Градежништво (11,5 отсто) и Преработувачка индустрија (8,8 отсто). На месечно ниво просечната плата е зголемена за 819 денари, што се должи на растот на палтите во секторите: Стручни, научни и технички дејности (19,8 отсто), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11,1 отсто) и Други услужни дејности (9,7 отсто). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2014 изнесува 32 741 денари.

Просечната плата во декември изнесувала 22.407 денариПросечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2014, изнесува 22,407 денари, што е за 4,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави во четвртокот Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (16,9 отсто), Градежништво (11,5 отсто) и Преработувачка индустрија (8,8 отсто).

На месечно ниво просечната плата е зголемена за 819 денари, што се должи на  растот на палтите во секторите: Стручни, научни и технички дејности (19,8 отсто), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11,1 отсто) и Други услужни дејности (9,7 отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2014 изнесува 32 741 денари.

Во декември 2014 година, 1,2 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik